Мажите се прилично горди на своето семе, без оглед дали се работи за детето кое со него го направиле или само за фактот дека успешно го исфрлиле од себе. Жените, од друга страна, преферираат што помал контакт со оваа леплива маса. Еве за што може да послужи спермата...

Утрински тегоби
Доктор Гордон Галуп, американски психолог, открил дека предизвикувачот на утринските тегоби е воедно и нивен најдобар лек. "Оплодената жена ќе има утрински тегоби затоа што телото не го препознава делот од фетусот кој носи ДНА од таткото. Внесување на семето од партнерот во телото на жената, пред и после оплодувањето, ќе го навикне организмот на страно тело и ќе ги спречи тегобите". Добар обид докторе, но нас тоа ни се чини како обид за добивање додатен секс.
Кревање на расположението
Доктор Галуп не застанал на утринските тегоби, туку корисни совети им дели и на жените кои не се бремени. Спермата го крева расположението ако се внесе во телото преку вагината. Наш совет - Ако сакате да бидете среќни, после сексот изедете коцка чоколадо. Така не може да добиете некоја болест, а ефектот е ист.
За прави гурмани
"Семето не е само хранливо, тоа има и прекрасна текстура, како и одлични својства за готвење. Како фините вина и сирења, вкусот на семето е комплексен и динамичен. Со тоа, семето е ефтина намирница која може да се најде во речиси секое домаќинство и ресторан. Меѓу другото со сите овие позитивни својства, семето е запоставено во исхраната" - натпис на една американска книга која е полна со рецепти кои содржат машко семе. Како би реагирале ако некој ви сервира дел од себе? Ние не сме воодушевени.
Мастило за тајните агенти
За време на Првата светска војна, еден член од британската тајна служба, изјавил дека открил најдобар начин за пишување на таен дневник. "Спермата е дефинитивно најдобро мастило, затоа што е невозможно да се открие на хартија, дури ни со посебна пареа од јод". Ние би му советувале подобро да измислил сопствена абецеда, ова звучи како одвратен и релативно напорен начин на пишување.
Вистински мажи
Членовите од племето Еторо во Нова Гвинеја, веруваат дека спермата означува влегување на младичот во возрасните години. Момчињата сексуално созреваат со посебен ритуал во кој пијат семе од старешините и така стануваат виситнски мажи.
Убава кожа
Постојат козметички компании кои во своите креми за лице ставаат машко семе. Skinscience i Cmen Beauty се најпопуларни од нив. Не велиме дека нивните креми не делуваат, но се јавува друго прашање - Зошто жените би фрлале пари на производи со семе, кога повеќето од нив можат да го добијат дома, и тоа бесплатно?