ВИЦ

Трпана начукала 147 кила и отишла на доктор.
-Аман докторе помагај, не можам да дишам од дебелина.
-Па добро , како за почеток да почнеш со една вежба со мрдање на главата.
-Како тоа мислите со мрдање на главата?
-Па така, прво на лево па десно, па од десно на лево,секогаш кога ќе те прашаат дали си гладна.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Saturday, 10 August 2019 18:26 Фудбал

Англија | Жозе Мурињо ќе биде дел од Премиерлигата оваа сезона, Португалецот си најде новa работа и ќе биде стручен коментатор на Скај Спортс.



„Специјалниот“ се уште е без ангажман откако доби отказ од Манчестер јунајтед во декември минатата година. Жозе Мурињо често велеше дека го чека вистинскиот проект и затоа одбил неколку понуди (се говореше дека можел да стане далеку најплатениот тренер доколку прифати преселба во Кина но кажал НЕ на 100 милиони евра).

И додека чека да добие предлог од амбициозен клуб, Португалецот реши да се врати во Премиерлигата и да работи како стручен коментатор на Скај Спортс.

Неговото прво појавување во студиото ќе биде овој викенд, кога на Олд Трафорд ќе се сретната двата негови поранешни клубови, Манчестер јунајтед и Челси.

„Премиерлигата е посебно натпреварување за мене, потребно ви е многу работа за да победите и не можете да го тргнете погледот од натпреварите секоја недела. Скај Спортс е домот на Премиерлигата и задоволство ми приставува тоа што ќе му се придружам на тимот и ќе можам да помогнам да објасниме и разбереме што се случува секоја недела. Фудбалот е огромна пасија, им значи многу на фановите, и со нетрпение чекам да бидам дел од Премиерлигата заедно со нив, се додека не се вратам на моето место на клупата“ - вели Жозе Мурињо.

Ќе биде интересно во студиото, бидејќи покрај него ќе седи Гери Невил, кој често знаеше да го критикува „специјалниот“ изминативе години. Друштво ќе им прави и Џејми Карагер, Грем Сунес и Џејми Реднап.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...