Се поголем е бројот на гласини околу новата верзија на телефонот на Apple, а според последните, ќе има екран „помал од 4 инчи“...

Стив Џобс ја напушти својата позиција во Apple на извршен директор, но плановите и амбициите на оваа компанија не се менуваат, па се надеваат дека првобитниот шок и паѓањето на цената на акциите наскоро т.е. кога ќе го претстават iPhone 5, ќе бидаат заменети со пораст на вредностите на акциите и голема побарувачка за новиот телефон.
Така на интернет секојдневно се појавуваат информации за тоа што би требал да има iPhone 5 - некои гласини доаѓаат од помалку или повеќе доверливи „извори запознаени со ситуацијата“, додека другите се темелат само на предвидувањата на анализите на пазарот. Така на TechCrunch го „потврдуваат“ она за што до сега само се пишуваше, а тоа дека iPhone 5 ќе биде светски телефон т.е. ќе работи и на GSM и на CDMA мрежи.
До сега во САД можеа да се набават две верзии од овој телефон - едниот работеше на GSM мрежи, а другиот на CDMA мрежи, додека iPhone 5 би требало да има поддршка и за двете мрежи, што посебно ќе го ценат корисниците кои често патуваат меѓу САД и европските земји затоа што веќе нема да има страв дека CDMA телефон нема да работи на европските GSM мрежи.
На интернет исто така се појавија и фотографии од (наводното) куќиште на новиот iPhone до кое од кинеските произведувачи на компоненти се докопала екипата од страницата macpost.net, а објавени се и слики од футролата за идниот iPhone, која исто така е набавена од Кина.

Тие слики сугерираат дека новиот iPhone ќе има поголем екран - кој ќе ја зазема речиси целата предна површина и дека ќе биде потенок, додека позицијата на камерата и блицот би требала да остане на исто место (порано се зборуваше дека новиот Apple телефон ќе има два блица).
Apple Insider ги пренесува вестите дека Apple во Лос Анџелес веќе почнал со снимање на реклами за iPhone 5, но тие не би требале да бидат готови до почетокот на октомври.
До сега како датум за излегување на новата верзија на Apple телефонот се споменуваше септември, а во последно време се повеќе се споменува почетокот на октомври, па ако овие информации се дочни, тогаш американците новиот iPhone ќе можат да го купат дури за месец и пол.
Сепак, постои можност Apple своите телефони да ги најави во септември, а потоа нивната продажба да почне во октомври. На DigiTimes велдат, повикувајќи се на своите извори, дека новиот iPhone ќе има екран „помал од 4 инчи“, што значи можеме да очекуваме дијагонала од 3,7 инчи и дека новиот модел по компонентите „нема премногу да се разликува од iPhone 4“.
Тешко е да се следат сите гласини и често едни гласини ги побиваат другите (на пример порано се споменуваше 4 инчен екран и радикален дизјан, а сега се зборува за помал екран и сличен дизајн), а вистинските информации ќе ги дознаеме дури на службеното претставување кое, како што сега стојат работите, ќе биде некаде за месец дена.